1. Регистрирај се, најави се, одјави се, заборавена лозинка
Најавувањето ќе ви овозможи пристап до повеќето функции на платформата Час за час и услугите коишто ги овозможува Временската банка. Се разбира, ќе треба да се регистрирате на платформата пред да се најавите.
Кликнете на копчето "Регистрирај се" во горниот десен агол на страницата ИЛИ во полето за најава подолу. Доколку ниту едно не е видливо, можеби веќе сте најавени.
Доколку се регистрирате како организација, кликнете на полето за избор.
Е-пошта ќе пристигне во вашето електронско сандаче. Следете ги упатствата што ќе ги добиете. Совет: Ако не ја гледате е-поштата во вашето сандаче, проверете ја папката за спам.
*Регистирање од покана добиена преку е-пошта:
Само кликнете на линкот "Активирај го мојот профил" од е-поштата. Линкот ќе ве одведе до почетната страница на веб платформата и ќе се најавите како член што се регистрира.
Важно е да ја смените вашата лозинка сега, затоа кликнете на вашето име и ќе ве однесат до вашиот профил како член на Временската банка.
2. Навигација низ платформата
Платформата Час за час овозможува истата да ја употребувате на компјутер, лаптоп, паметен телефон или таблет. Информациите подолу претпоставуваат дека употребувате голем екран за користење. Имајте во предвид дека може да има одредени разлики доколку ја користите платформата на помал екран на паметен телефон или таблет.
На горниот дел од страницата постои Мени за навигација низ главните карактеристики на веб платформата. На десниот горен дел од страницата има дел кој ги содржи сите линкови каде што можеш да прочиташ новости поврзани со заедницата на Временската банка. Исто така содржи и копчиња со други корисни линкови до веб страници.
Ќе се дополнува согласно вистинската поставеност на страницата
3. Почетна страница
Како член на временска банка, со еден клик до линкот на почетната страница можете да учествувате во главните активности на Временската банка:
4. Понуди, барања и членови на Временската банка
5. Размена на услуги со други членови
6. Пребарување на членови
Можете да пребарувате членови користејќи го полето за пребарување или преку листата на членови на Временската банка.
7. Комуницирање со други членови
Може да испраќате пораки и е-пошта до други членови на Временската банка.
8. Мој Профил
Кликнете на вашето име во менито и изберете "Мој профил"
Вашиот профил ја вклучува Вашата е-адреса, телефонски број, име и презиме, место на живеење, Вашата оценка од извршените услуги и размени со другите членови на Временската банка, бројот на услуги коишто сте ги извршиле.