Услови за користење
"Временска банка" или "Time banking: како концепт е начин на трошење на еден час време за да му помогнете на некој друг преку вештините што вие ги поседувате и на тој начин да си овозможите себеси да заработите кредит од еден час за возврат за услуга што вас ќе ви биде потребна и можете да ја добиете од еден час од нечие време. Клучен принцип што ја поддржува вредноста на Временската банка е препознавање и уважување на потенцијалот на секоја индивидуа или група да понуди одредени знаења или вештини и да го инвестира своето време во развојот на заедницата.
“Златно правило” на концептот на Временската банка е следниот: Еден час од моето време е еднаков на еден час од твоето време. Еден час од дадена услуга некому заработува кредит од еден час за да добиеш услуга. За еден час примена услуга “се плаќа” кредит од еден час.
Посветеноста кон основните вредности на овој концепт, ни овозможува да го почувствуваме духот на Временската банка и истиот да го одржуваме. Основни вредности на кои се заснова Временската банка се:
Разбирам дека функцијата на веб платфорната “Час за час” е да ја олесни размената на услуги во рамките на заедницата, во духот на основните вредности на Временската банка. Моја одговорност е да ја искористам истата претпазливост што би ја направил/а во други околности при запознавање со други личности и да ги користам сопствените инстинкти за да се вклучам во комуникација и размена со друг учесник на Временската банка – особено кога станува збор за услуги, како возење, чување на бебиња и деца, грижа за стари лица и слично.
Разбирам дека сите договори и размени ќе бидат вклучени единствено помеѓу страните вклучени во вакви трансакции. Здружение на граѓани Младите можат нема да бидат одговорни и нема да преземат никаква одговорност за било какви побарувања, штети и какви било други последици што можат да произлезат од овој аранжман.
Разбирам дека Здружение на граѓани Младит еможат немаат никаква одговорност кон кое било лице или субјект, во однос на загуба, штета или повреда предизвикана директно или индиректно од информациите содржани на оваа веб платформа или било кој друг ресурс на Временската банка. Се согласувам да ги обештетам и да ги штитам сите засегнати страни кои ја олеснуваат или учествуваат во размената. Разбирам дека Здружение на граѓани Младите можат не е одговорно за било каква содржина која корисникот може да ги постави на веб страната. Здружение на граѓани Младите можат го задржува правото да модифицира, адаптира, врши бришење или отстранување на било која содржина што се смета дека е несоодветна.
Разбирам и се согласувам дека оваа веб платформа не е наменета за купување, продавање или размена на нелегални производи, добра и услуги.
Оваа веб платформа обезбедува информации кои можат да откријат аспекти од животите на членовите на оваа заедница, кои истите можеби сакаат да ги чуваат приватни. Од таа причина, се обврзувам дека нема да откривам ниту една содржина од оваа веб платформа која е поврзана со личните информации на членовите. Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на неговата лозинка. Сите лични податоци (лозинка, датум на раѓање, лично име и презиме) ќе бидат користени единствено за непречено функционирање на платформата, односно за корисниците да можат да ги користат услугите непречно, додека поставените фотографии и меил можат да бидат искористени за маркетинг цели на самата платформа.
Разбирам дека ќе добивам пораки од другите членови на Временската банка во Република Северна Македонија преку оваа веб платформа. Разбирам дека известувањето за ваквите пораки ќе биде испратено на мојот профил на веб платформата и на е-поштата преку која сум регистриран/а на оваа платформа. Исто така, разбирам дека ќе добивам билтени, емисии, известувања поврзани со Временската банка, од Координаторот – Здружение на граѓани Младите можат, преку употребата на оваа веб платформа.
Ги прочитав овие упатства и договори и се согласувам да се придржувам кон овие основни вредности, правила и упатства дадени од Здружени на граѓани Младите можат за правилно и учтиво однесување. Се обврзувам дека ќе продолжам со добра намера да ги нудам услугите и вештините кои ги поседувам, но и ќе ги користам услугите на другите во мојата заедница и ќе ги третирам другите членови на заедницата на Временската банка со почит и љубезност.
Разбирам дека оваа веб платформа е јавна и дека секој член може да се најави на оваа платформа, па се согласувам дека податоците што ќе ги внесам на истата се достапни за целата јавност.
Правилата и условите важат за сите лица (“Крајниот корисник“) подеднакво и доколку не се согласувате со било кој дел од овие правила и услови за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа веб платформа и да прекинете да ги користите нејзините услуги.
Со посетата на оваа веб платформа се согласувате и сте обврзани да ги почитувате правилата и условите за користење на истата, вклучувајќи ја и политиката за приватност. Веб страницата, нејзината инфраструктура и содржина се сопственост на Здружение на граѓани Младите можат.
Дозвола од родител или старател
Разбирам дека во случај ако имам помалку од 18 години, со прифаќањето на овие услови потврдувам дека имам дозвола од мојот родител или старател да ја користам платформата за целите на истата. Те замолуваме прочитај ги овие услови за користење на веб платформата заедно со твојот родител или старател.
Доколку сте родител или законски старател на корисник под 18 години, дозволувајќи му на вашето дете да ја користи веб платформата и услугите кои се нудат во неа, вие подлежите на условите на оваа веб платформа и сте одговорни за активноста на вашето дете на истата.
Кодекс на однесување на крајниот корисник
Сите интеракции на платформата мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека вие не се придржувате на Условите на употреба го задржуваме правото да ви го ограничиме пристапот до веб платформата.
Корисникот се обврзува во процесот на користење на услугите, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои: