Што е "Час за час"
“Временска банка” или “Time banking” како концепт е начин на трошење на еден час време за да му помогнете на некој друг преку вештините што вие ги поседувате и на тој начин да си овозможите себеси да заработите кредит од еден час за возврат за услуга што вас ќе ви биде потребна и можете да ја добиете од еден час од нечие време. Клучен принцип што ја поддржува вредноста на Временската банка е препознавање и уважување на потенцијалот на секоја индивидуа или група да понуди одредени знаења или вештини и да го инвестира своето време во развојот на заедницата.
“Златно правило” на концептот на Временската банка е следниот: Еден час од моето време е еднаков на еден час од твоето време. Еден час од дадена услуга некому заработува кредит од еден час за да добиеш услуга. За еден час примена услуга “се плаќа” кредит од еден час. “Временската банка” како концепт е применлива на секоја категорија на граѓани, без разлика дали се индивидуи или поголеми групи, како цело семејство, организација, институција, компанија.
Посветеноста кон основните вредности на овој концепт, ни овозможува да го почувствуваме духот на Временската банка и истиот да го одржуваме. Основни вредности на кои се заснова Временската банка се:
Проектот “Час за час” е имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, а поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.
За ЗГ Младите можат
Здружение на граѓани Младите можат е невладина, непрофитна и независна граѓанска асоцијација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократското општество преку активно граѓанство и социјален активизам. Организацијата е основана од млади луѓе за млади луѓе поттикнати од идејата за моќта на младите како катализатори во денешното општество. Основана на 28.05.2009 од страна на 8 ентузијасти, успеваме да растеме како организација и да обезбедиме структура и простор за младите луѓе да учат и да се развиваат лично и професионално, станувајќи активни граѓани на својата заедница. Денес броиме повеќе од 1000 млади кои биле вклучени во активности и проекти од различни етнички и социјални потекла кои доаѓаат од цела Македонија, и 70 активни членови кои преку секојдневни активности докажуваат дека МЛАДИТЕ МОЖАТ!
Главни области на делување на кои се фокусираме се:
Зошто постоиме
Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.
Во што веруваме
Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како моќни алатки за општествена промена можат да одговорат на своите потреби во заедницата.