Вовед во комуникациски процес

One can not not communicate! Ок, супер, и претпоставувам сите сме слушнале за вербална, невербална комуникација, усна, пишана, масмедиумска итн. Како дипломиран комуниколог (што сака работите да си почнат и да се знаат од темел), во рок од еден час би ти ги разјаснила основите на комуникацискиот процес (испраќач,примач, порака, шум...) со пар теории на комуникации, преку заедничко гледање на еден краток анимиран филм и дискусија. Доста корисно воведче во се она што понатаму би те интересирало од типот на брендирање, маркетинг, психологија на потрошувач, активизам (посакувано однесување) и итн. Кратко време, ама секако ќе споделам и плус линкови за учење, документарци за гледање и сл.



Времетраење: 60 мин

Услуга од

Нема рејтинг

Irina Janevska

Активист од своја 15-та година, сакам да правам добро и да мотивирам и други, обожавател на мачки, патувачка, шафл денс и електронска музика ме движат :)

Слични услуги