Објавено на: 24.03.2021
Секоја есен, Едгар засадува лалиња во градината. На пролет тие изникнуваат, секојпат се различни.
„Нашата градина, благодарение на лалињата стана место од кое се воодушевуваат сите. Луѓето кои поминуваат покрај нашата градина, ни кажуваат дека намерно ја избираат оваа рута за поминување, за да можат да ги видат лалињата.“
Засадувањето на лалиња е тешка работа и на Едгар обично му треба помош. Затоа, одлучиле да побараат помош на страницата за размена на часови(timebanks.org), и да, член на нивната заедница одлучил да помогне. Џон, обожавал цвеќиња и цели пет часа копал и садел. Од тука започнува нивната успешна приказна.
Оваа инспиративна приказна која се случила во Вашингтон, ја покажува убавината што може да ја создаде размената на часови.